Вучиќ-Утринските разговори за српско-хрватските односи со премиерот Пленковиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Давос се состана со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
-Утрински разговори за српско-хрватските односи со премиерот Андреј Пленковиќ, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм, со фотографии од неговата средба со хрватскиот премиер.
Вучиќ престојува во Давос, каде се одржува Светскиот економски форум, на кој ќе учествува на два панели и ќе има серија билатерални состаноци.
Прво учествува на панелот „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, а потоа на работен ручек на темата „Генерирање раст за Централна и Источна Европа“.
Како што најави синоќа, тој ќе зборува за тоа како ја гледа иднината, за „малиот Шенген“, економската соработка и други прашања.
Вучиќ ќе присуствува и на обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп пред учесниците на Форумот, додека на маргините на собирот, предвидено е да се сретне со Роберт О Брајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател и со претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сумантра Чакрабарти.
Српскиот претседател вчера потврди дека ќе учествува на еден од панелите на Светскиот економски форум во Давос и со Хашим Тачи.
-Очекувам размена на аргументи, која нема да биде едноставна, ниту лесна, но верувам дека во цивилизиран тон, ќе можеме да го сториме тоа, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри полигонални пукнатини на Марс
-

Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
-

Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
-

Ендрик сака да го напушти Реал
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
-

Дали и вие имате чувство дека сте магнет за комарци? Не е случајност – ова е причината
