Вучиќ: Време е да разговараме за Уставот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сака да иницира општествен дијалог за Уставот и односите кон Косово, како и за односите кон регионот, јави Танјуг.
Тој за Радио Слободна Европа изјави дека тој дијалог ќе трае три, шест или повеќе месеци.
- Така ќе се види каде е нашата политика, каде ја гледаме Србија во следниот период и каква е политиката, за која се бориме и каква е нејзината содржина, нагласи Вучиќ, додавајќи дека тоа се „сериозни и одговорни работи“.
- Кога стратешки ќе ја поставите целта, можете да го пронајдетет патот. А тоа што ние се возиме тука, но не знаеме каде ќе паркираме на крај, тој пристап не може да донесе добар исход, рече српскиот претседател.
Според него решенијата на Белград за прашањето за Косово треба да бидат усогласени со проблемите од суштинско значење и со она што ги „угнетува Србите на Косово“.
Говорејќи за измени на Уставот, Вучиќ рече дека на таа тема е неопходно да се разговара.
Тој нагласи дека сака да ги постави дискусиите на рационално ниво.
Ново на Сител
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
