Вучиќ за гласањето во ОН: Србија нема да се приклучи на санкциите кон Русија
– Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН за нарушување на територијалниот интегритет на Украина во конфликтот со Русија, но дека ќе ги отфрли сите оние кои се однесуваат на санкциите против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Вчера имавме девет гласања, во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денес имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За се она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна, изјави Вучиќ.
На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.
-До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку за големото почитување на независноста и правото на другите земји да одлучуваат, кажа Вучиќ.
На прашањето како ги коментира барањата на поединци Србија, како и ЕУ, да ги забрани руските канали Спутник и Раша Тудеј, Вучиќ кажа дека „некои во Србија сакаат да ги забранат сите медиуми што поинаку зборуваат.“
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави и дека Хрватска има право да ја подигне борбената готовност на своите вооружени сили и додаде дека „на Србија не и паѓа на памет да прави такви работи.
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе