Вучиќ: За Србија е најкорисно Србите и Албанците да постигнат договор
За Србија би било најкорисно доколку Србите и Албанците постигнат договор и доколку засекош ги решат своите проблеми, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ во авторски текст во белградскиот весник „Блиц“.
Вучиќ во текстот наведува дека е потребно да се надмине „паленечкиот менталитет“ и да се сфати дека дошло ново време, нова ера за целиот Блакан и за Србија, во кои секој може да добие нешто добро и да има полза.
Српскиот претседател оценува дека во регионот постои мит дека Србија е главен виновник за се и дека секогаш сака да војува и да се шири и да го освои Блакнаот на сметка на другите.
- Тука некаде е основниот проблем. Мојата политика е политика против митовите и вечните вистини, а од дуга страна се оние, и од лево и од десно, и квазинационалистите и квазиграѓанството, кои живеат со митовите и од нив. Матрицата е иста, пристапот е различен, но заклучокот е сепак ист, наведува Вучиќ.
Таквите структури, според него, го слушаат само тоа што сакаат да го чујат, а не тоа што навистино е речено.
- Тоа што јасно кажав дека сакам да освојуваме со лаптопови, знаење, книги и пенкала, и тоа не само Балканот, туку иднината, се занемарува, додава Вучиќ.
Според него, на таквите структури, како во Србија, така и на Балканот, не им одговара постоењето нормална српската држава.
- Ним не им одговара Србија која е нормална, Србија на компромиси, Србија која своето месето во светот сака да го најде со труд и знаење, а не со оружје, истакнува Вучиќ.
Тој наведува дека сака да ја види Србија како „силна, успешна, модерна земја која се држи до дадениот збор, која никому не се заканува, која сака мир, која сака и умее да работи, а не да војува, која не мрази никого, која сака да помогне и која ги сака сите права за сите луѓе, каде било на Балканот“.
- Таквите промени се во спротивност со зачманеоста и заостанатоста на паланката... Тоа ги плаши најмногу и оние од оваа и оние од онаа страна на нашите балкански огради, истакнува Вучиќ во текстот.
Ново на Сител
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија