Македонија
9. April 2019 - 16:10

Вуцис за почеток на преговори, Димитров бара поддршка од Бундестагот - Милошоски песимист

Спикерот на грчкиот парламент на конференцијата  во Виена го  посочи Преспанскиот договор како  најуспешен пример за  добрососедски односи.  

Вуцис порача дека со спогодбата се поставени основи за блиска соработка меѓу двете земји, а во исто време се отвори и патот кон евроатлантските перспективи на соседната земја. 

Грција, истакна Вуцис, се залага земјите на западниот Балкан да се интегрираат во ЕУ, но секоја според сопствени заслуги.

И спикерот на македонскиот парламент, пред колегите од Европската Унија, изрази надеж дека Унијата  ке ги  отвори вратите за регионот.

Ваквиот оптимизам не го дели пратеникот на опозицијата, Антонио Милошоски лој како дел од собраниската делегација  учествува на сесијата  на Параламентарното собраните на  Советот на Европа  во Стразбур. Во контактите со  со колегите од Франција и Холандија се уверил дека овие две земји  и натаму имаат голем отпор кон  македонија да стартува со преговирте во јуни.

Во меѓувреме, шефот на дипломатијата се обидува да ги увери пратениците на Бундестагот дека Македонија е подготвена  за почеток на преговорите. Димитров , освен со германските парламентарци, во Берлин ке се сретне и со министерот за европски прашања Рот и претсавниците од канцеларијата на канцеларката Меркел.