Вулин: Членството на Косово во НАТО би било закана за Србија со вооружен конфликт
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека приемот на Косово во НАТО ќе претставува закана за Србија со вооружен конфликт „и ништо друго“.
Косовското собрание во средата усвои резолуција со која ја повикува владата да започне преговори за членство во НАТО.
„Да се стави Косово под покровителство на воената алијанса значи поништување на резолуцијата 1244 (Совет за безбедност на ОН), укинување на Кумановскиот договор и сите гаранции дадени од ОН, но и обврзување на сите земји членки на НАТО, во согласност со членот пет од Повелбата за територијалниот интегритет, да бидат должни да ја штитат новопримената членка“, се вели во писмената изјава на Вулин.
Вулин праша дали некој се сомнева дека косовскиот премиер Албин Курти „ќе се двоуми“ да изврши напади врз Србите, „особено на северот на покраината и да предизвика конфликти и провокации се додека државата Србија не биде принудена да го одбрани својот народ“.
„Насилното воведување на Косово во НАТО пактот не е само кршење на процедурите за пристапување во НАТО и газење на резолуцијата 1244, туку и отворена закана за Србија и друга форма на притисок врз српскиот претседател Александар Вучиќ, а тоа го знаат и земјите кои се залагаат за членство на Приштина во НАТО“, додаде Вулин.
Според српскиот министер Косово не е држава, нема војска, а претставува политички проблем за најмалку четири членки на НАТО. Тој цени дека Косово долгорочно нема да има значителен воен капацитет.
Ново на Сител
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто