Балкан
21. December 2017 - 12:21

Вулин: Србија ќе купи шест руски хеликоптери Ми-17

Белград ќе почне интензивни разговори со Русија за купување до шест повеќенаменски хеликоптери Ми-17, изјави за РТС српскиот министер за одрана Александар Вулин, воедно потврдувајќи дека два македонски хеликопери се на ремонт во Белград.

- Започнавме интензивни разговори за купување на хеликоптери, а што се однесува до системот С-300, за тоа се уште е рано да се говори. Договорено е натамошно модернизирање на оклопните единици и на други борбени системи на војската. Многу е важно што почнавме да работиме и на формирањето на хеликоптерскиот центар, за ремонт на хеликоптери за овој дел на светот. Воздухопловниот институт„ Мома Станојевиќ“ во Батајница веќе работи на ремонтот на два хеликоптери од Македонија, изјави Вулин.

Според него, посетата на претседателот Александар Вучиќ на Москва го потврдила високото ниво на воената соработка меѓу двете земји.

- Се што е договорено Русија го достави според роковите. Триестте модернизирани тенкови и борбени возила за пешадијата, кои се набавени однапред, ќе пристигнат на времем рече Вулин.

Во врска со оценката дека посетата на високата српска делегација на Москва може да се протолкува како приближување на Белград кон Русија, Вулин одговори дека тоа „не е приближување кон никого, туку тоа е Србија таква каква што е.

Според воениот аналитичар Мирослав Лазански, Србија очекува од Русија да и бидат испорачани 30 модернизирани тенкови Т-72 и 30 оклопни возила БРДМ-2, а постои голема надеж дека ќе добие и руско одобрение за набавка на системот за противвоздушна одбрана С-300, како и шест авиони МиГ-29 од Белорусија .

Лазански смета дека системот С-300 највероватно ќе се модернизира од страна на Русија, а во перспектива Белград може да се надева дека ќе и биде дозволено да ги купи и системите за противвоздучна одбрана Панцир и Бук М-2, што на Србија и недостигаат во моментот.