-->
-->
Вулин: Војската е спремна, чекаме наредба од Вучиќ
-->
Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин изјави дека е направена процена на ситуацијата на Косово и Метохија и дека за сѐ е информиран и српскиот претседател Александар Вучиќ.
-До доцна синоќа имавме средби со претседателот на Србија и врховен командант на српската војска Александар Вучиќ. Тој е информиран за секој детаљ за сѐ она што се случува на просторот на Косово и Метохија, не само од претставниците на српската војска, туку од сите безбедносни служби“, кажа Вулин.
Тој додаде дека српскиот претседател е многу загрижен и заинтересиран за сѐ што се случува на просторот на Косово и дека сите одлуки ќе ги донесе врз основа на директните информации за сѐ што се случува на тој простор.
„Ние како војска сме спремни да ја извршиме секоја наредба на нашиот врховен командант, тоа е нашата задача. Каква наредба ќе добиеме зависи од Вучиќ“, кажа српскиот министер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција