Вулканот Тал почна да исфрла лава

Вулканот Тал утрово почна да исфрла лава, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија.
Директорот на Институтот, Ренато Солидум истакна дека се уште нема знаци за разорна ерупција, но сепак го зголеми нивото на тревога од три на четири од максималните пет.
Вулканот Тал вчера исфрли пепел еден километар во височина, а во околината регистрирани се 75 помали земјотреси, од кои 32 се рангирани како земјотреси од втор ред.
Во регионот на вулканот живеат околу 450.000 луѓе, а поради последните активности евакуирани се 8.000 жители кои се сместени во најмалку 38 центри за евакуација.
Поради активноста на вулканот затворен меѓународниот аеродром во Манила, а претседателот Родриго Дутерте ја стопира работата на Владата и нареди затворање на сите училишта во главниот град на Филипини.
Тал се наоѓа околу 70 километри јужно од Манила и е комплексен вулкан, што значи дека нема еден отвор или конус, туку неколку точки на ерупција, кои се менуваа со текот на времето.
Вулканот Тал го сметаат за опасен бидејќи има „вулкан внатре вулканот“.
Во претходните 500 години Тал еруптираше повеќе од 30 пати, а последниот пат во 1977 година. За ерупцијата во 1911 година страдаа 1.500 луѓе.
Ново на Сител
-

Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела
-

Ф1: 13.000 смртни закани на адреса на Гасли
-

Зверев од понеделник прв пат во кариерата на чело на АТП ранг-листата
-

Анчелоти не запира со подмладувањето, повика 15 фудбалери помлади од 23 години
-

Алкараз и Медведев четвртфиналисти во Виена
-

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа - МВР апелира граѓаните да не веруваат во брза заработка преку интернет
-

Македонските кик-боксери се подготвуваат за Европското првенство во Скопје
-

Холивуд има тајна стара 75 години: Истиот крик се слуша во над 400 филмови, серии и видеоигри
