-->
-->
Вулверхемптон победи на „Стемфорд бриџ“ за прв пат од 1979 година
-->
Вулверхемптон победи на „Стемфорд Бриџ“ за прв пат по 45 години. Во денешниот натпревар од 23. коло на Премиер лигата, Волвс го победија Челзи на гостински терен со резултат 4:2.
Претходно, Вулверхемптон немаше победа на „Стемфорд бриџ“ од 1979 година.
За „Сините“ од Лондон ова е втор пораз во низа. Избраниците на Маурисио Покетино на 31 јануари загубија од Ливерпул (1:4).
Севкупно, „сините“ немаат победа веќе три меча. На 26 јануари ремизираа со Астон вила (0:0) во ФА Купот. На 7 февруари тие ќе го одиграат реваншот, на теренот на Астон вила во Бирмингем.
По 23 кола Челзи се наоѓа на 11. место со 31 бод, додека Волвс се едно место погоре (10) со 32 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
