Македонија
6. February 2026 - 12:09

За 2025 Општина Прилеп наплатила 60% од данокот на имот и 44% од комунална такса фирмарина

За 2025 година Општина Прилеп наплатила даноци и комунални такси во висина од 137 милиони денари. По основ на данок на имот за физички лица годишниот облог е над 50 милиони денари, а за правни лица над 15 милиони денари. Вкупниот процент на наплата е над 60%. Додека за комунална такса фирмарина, активни се 3.500 фирми кои што имаат годишен облог од 15 милиони денари од кои се наплатени 44%. 

„Доставата на решенијата и сите останати документи се врши по електронски пат. Останатите решенија кои не се официјално доставени по електронски пат на маил адреса ги доставуваме физички преку пошта. Сите решенија во најголем процент се доставени, а правните лица се решаваат својата обврска да ја наплатат на крајот од годината. Но и покрај тој начин на успешна достава, се нема во целост извршена уплатата, претпоставувам правните лица имаат изумено за таа обврска затоа што доаѓа еднаш годишно, па за таа цел ја користам оваа прилика да ги подмират своите обврски“, истакна Јованчо Шишкоски, раководител на Даночно одделение Прилеп.

Во моментов само 10.000 физички лица и 300 правни лица комплетно ги имаат подмирено сите своите давачки кон општината. По основ на комунални такси фирмарина ненаплатени се 50 милиони денари, а ненаплатливи од нив се 24 милиони денари заради ликвидација или стечај на правните лица. Додека пак осннов данок на имот ненаплатени има 60 милиони денари, од кои 15 милиони денари се застарени, а другите се реално наплатливи.

„Застареноста се доведува во ситуацијата кога подолг период, односно 10 години не се извршува наплата, односно не може да се реализира наплата поради немање на трансакциска сметка или блокирана трансакциска сметка и немање на средства на истата, поради што не е извршена наплатата“, додаде Шишкоски.

Инаку даночното одделение во Прилеп веќе овозможи и елетронска наплата како новитет за наплата на даноци и такси преку интернет.