За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
– Земјотрес со јачина од пет степени беше регистриран кусо по 15 часот по локално време во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите три дена, а за девет часа биле регистрирани над 50 потреси, јави дописничката на МИА од Атина.
Доколку се анализираат податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, од седум часот утрово до 16 часот по локално време биле регистрирани 55 земјотреси, од кои 13 над четири степени.
За ситуацијата со земјотресите денеска се одржа министерски состанок во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи со учество на претставници од повеќе министерства, од армијата, итната служба, локалната самоуправа, како и сеизмолози.
По состанокот, претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас рече дека доброто сценарио би било да се случи е посилен земјотрес со јачина од 5 до 5,5 степени, што ќе се смета и за главен земјотрес, нема да предизвика значителна штета, но ќе помогне за деескалација на феноменот.
– Им препорачувам на жителите на Санторини да бидат смирени. Сфаќам дека некои се чувствителни на земјотреси и затоа си заминуваат од Санторини, но генерално нема причина да си заминат.
Санторини е безбеден остров, посочи Лекас по состанокот.
Како што утрово објави МИА, поради серијата земјотреси во текот на изминатите најмалку три дена, голем број жители, работници, но и туристи со траекти и авиони го напуштаат Санторини, а процените во Грција се дека досега, најмалку 5,000 лица го напуштија островот.
Од вчера до петок училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи ќе бидат затворени, а граѓаните ќе треба: да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што има опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.
Ново на Сител
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека