За два часа врз Истра и Кварнер удрија дури 8.000 молњи

Силно невреме со поројни дождови и бура ноќеска ги зафатија Истра и Кварнер, а за само два часа регистрирани биле дури 8.000 молњи.
-Приближувањето на бурата од Италија го поттикна развојот на нови громови врз морето од северен Јадран, а потоа и формирање компактна линија на бурата. Линијата од громови бавно се приближуваше до брегот, па затоа наутичарите имаа неколку часа да се засолнат на сигурно, наведоа од истарскиот метео портал Истрамет.
За цело време дувал силен ветар, на одделни места со удари на бурата со јачина и до 86 километри на час, гласно југозападни, наведе Хина.
На одделни места врнеше и пороен дожд, па така во Умаг и Новиград наврнаа дури 32 милиметри, а станицата во Пореч регистрира 15 милиметри, во центарот на Пула имаше 13 милиметри дожд, додека темературата во цела Истра се намали за пет степени.
Сето ова, наведуваат од Истрамет, беше само вовед во промената на времето кое доаѓа токму денеска, а кое својот врв ќе го достигне кон средината на следната недела , за кога се очекуват поројни локани врнежи од дожд, силно невреме и обилни грмотевици.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
