За две години 19.000 лица побарале одложување на пензионирањето
Вечни директори, шефови, раководители на сектори, наставници во основно и средно, сите со навршени 64 години од Нова Година ќе мора да се пензионираат. Според податоците на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување во текoт на минатата и оваа година вкупно близу 19.000 возрасни побарале продолжување на работниот век иако можеле да си одат во пензија.
Владата најавува дека една од првите задачи во новиот мандат ќе и биде да се стави крај на оваа пракса и сите кои ги исполнуваат годините за одење во пензија, да си одат. Со законот нема да бидат опфатени медицинкиот кадар и универзитетските професори кои се дефицитарни. За приватниот сектор, соглансно законите, искусните лица ќе можат да бидат ангажирани со договори и да имаат дополнителен приход покрај пензијата. Законот ќе важи од 1 јануари догодина и со него ќе се пензионираат над 10.000 возрасни лица. Целта на законот е подмладување на кадарот и ослободивање места за младите стручни кадри.
Деталите во Вестите во 21 часот.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Левица во директен договор со извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена
-
Преглед на вестите од светот
-
Експертите бараат поригорозни казни за прекршоци во сообраќјот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Средба Сиљалновска Давкова - Радев: Можни се компромиси и исчекор за деблокирање на процесот
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина управителот на дискотеката „Пулс“ кој беше на лекување во Литванија
-
Запрена истрагата против управителот на дискотеката „Пулс“