За две недели ќе почне реконструкција на регионалниот пат Бигла - Виница
Реконструкција на регионалниот патен правец село Бигла - Виница во должина од 14 километри ќе започне за две недели, најави денеска градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
Градежните работи за тој пат се влезени во Програмата на Јавното претпријатие за државни патишта, а со проектот е предвидена изградба на коловоз со ширина од пет метри, банкини од двете страни на коловозот, како и изградба на одводни канали.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, истакна дека постојаниот проблем со одроните на овој дел од меѓународниот пат Македонска Каменица - Кочани, но и барањата од жителите од овие населени места, алармирале за итна реакција од страна на општините Делчево и Виница.
- Првичното решение е да се создадат нормални услови за одвивање на сообраќајот преку алтернативен пат, во случајот патот село Бигла – Виница. Реконструкцијата на патниот правец Бигла-Виница е влезена во Програмата на ЈП за државни патишта. Затоа најавувам итна санација на алтернативниот пат Бигла-Виница во должина од 14 километри, средствата се од ЈП Државни патишта во висина од 52 милиони денари. Проширувањето на патот ќе биде од сегашните три на пет метри, истакна Трајковски.
Досега на оваа делница која е во должина од 18 километри веќе е направена реконструкција на по одва километра од делчевската страна и на виничка територија.
- Жителите на село Бигла подолго време изразуваа незадоволство од состојбата на патот, бидејќи целиот сообраќај, во случаи како сега, кога е затворена сообраќајницата Македонска Каменица-Кочани, се пренасочува преку овој алтренативен пат што создава голема фреквенција на возила, ризици и небезбедно одвивање на сообраќајот. Затоа, приоритет ни беше итната реконструкција и проширување на делницата село Бигла-Виница, појасни Трајковски.
Во Програмата на ЈП државни патишта е влезена и реконструкцијата на патот А3 во должина од пет километри, односно делница на бул. „Македонија“ во Делчево до село Ѕвегор. Ќе се реконструираат и 15 километри од патниот правец Делчево-Пехчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани
-
Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
-
Хуманитарна аукција за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Повредени од трагедијата во Кочани продолжија со рехабилитација во специјализирани странски центри
-
Фотоволтаиците стануваат главен соујзник на земјоделците, а кај нас тоа е табу тема
-
Дивите депонии се сериозна закана за здравјето на граѓаните