За еден денар се намалуваат цените на бензините и дизелот
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 71 денар за литар, а Еуродизелот ќе се продава по 63,00 денари за литар.
За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кој ќе се продава по 52,50 денари за литар и малопродажната цена на мазутот се намалуваза за 0,876 денари за килограм и ќе изнесува 33,158 денари за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35 отсто или за 27,50 долари за тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36 отсто или за 20,70 долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53 отсто или за 21,35 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12 отсто или за околу 16,20 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,96 денари за долар.
Ново на Сител
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид
-
Петиција за затворање на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша собра над 270.000 потписи
-
Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења
-
Обвинителство: Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна
-
Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда