За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово
Петмина нови случаи на заболени од пертусис евидентира Центарот за јавно здравје Куманово, изминатата недела, информираа денеска од епидемиолошката служба на јавната здравствена установа.
Заклучно со 10 октомври годинава на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово кој опфаќа шест општини (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце) од почетокот на февруари пријавени се 148 случаи на голема кашлица од кои пет последнава недела.
-Во однос на претходните недели се забележува намалување на бројот на пријавени случаи на заболени од голема кашлица. На подрачје на ЦЈЗ, минатиот месец имаше единаесет случаи додека најмногу биле евидентирани во јули. Од петмината заболени, двајца се на возраст од 30 до 33 години, останатите се деца од нула до четири години, изјави раководителот на одделението за епидемиологија, од Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Јадранка Стаменковска.
Ново на Сител
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете