За „Игра на тронови“ 23 номинации за Еми награди

Серијата „Игра на тронови“ доби 23 номинации за наградата Еми, која се доделува во Лос Анџелес.
Оваа серија доминира над конкуренцијата со бројот на номинации веќе трета година по ред. Овојпат со номинации во 23 категории.
Во продукција на ХБО, по жанр фантазија, овој еп за племенски семејства во кои се борат за престолот, веќе петта година по ред е номинирана за најдобра серија на годината.
Околу 19.000 членови на Академијата за телевизија имаа две недели во јуни за да изберат меѓу повеќе од 8.000 кандидатури на ТВ серии, емитувани во текот на претходните 12 месеци. Вториот круг на гласање предвиден е од 15 до 29 август. Доделувањето на наградите, 68. по ред, ќе се одржи на 18 септември во Лос Анџелес.
Серијата „Игра на тронови“ се очекува повторно да биде прогласена за најдобра серија, откако минатата години освои рекордни 12 награди, меѓу кои и за најдобра драмска серија.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
-

Анел Фидоски е избран за шеф на скопското јавно обвинителство
-

Почнува тестирањето на камерите за „Безбеден град“
-

ДУИ го обезбеди мнозинството за Законот за прекршоци, Сејф сити нема да се одложи
-

Почна второто полугодие за учениците: Кој ќе го наследи Љуљзим Алиу?
-

Д-р Трајковски: Со враќањето на децата во училиште ќе се зголемат бактериските инфекции
-

Нагло порасна синдикалната кошничка, ССМ се подготвува за протести и генерален штрајк
-

Светските лидери се среќаваат во Давос - геополитиката ја засени економијата
