За лежалка 120 евра и плаѓање за влез на плажа: Туристите шокирани од правилата за летување
Туристите кои летуваат во Хрватска забележале дека сѐ помалку плажи има на кои смее да се стави само пешкир и да се ужива во одморот без обврска за изнајмување на лежалка.
Во Хрватска минатата година забележани се маса примери како закупците ги бркаат луѓето од плажата доколку не сакаат да ги користат лежалките и чадорите за сонце, или пак распослале поголем број лежалки од дозволеното за да им оневозможат на туристите да испружат пешкири, пишува Курир.рс.
Токму затоа се случувало поголемиот број плажи да бидат полупразни.
Што се однесува до изнајмувањето на лежалки и чадори цената се движи од 5 до 20 евра, но тоа не е единствен трошок на поголемиот број плажи. На некои од нив се наплаќа и влез од 2 до 5 евра.
Веќе низа години најскапа хрватска плажа е Боњ на Хвар каде 30 евра се две лежалки и чадор.
Црна Гора сепак држи рекорд кога станува збор за најскапи лежалки, а тоа се однесува на Кралската плажа каде закуп на лежалка со чадор за сонце веќе неколку години наназад изнесува 120 евра.
Градначалникот на Будва, Драган Краповиќ најавил дека во оваа општина ќе се направат плажи на кои нема да мора да се изнајмат лежалки и чадори. Тој инсистира повеќето плажи да бидат ослободени и да станат градски плажи, па секој да може да дојде и да стави пешкир.
Доколку тоа се оставари туристите во ова популарно летувалиште во Црна Гора ќе имаат повеќе простор за пешкири на плажите кои инаку се натрупани со скапи лежалки.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип