За Меркел, Турција е главниот партнер во војната против тероризмот
Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека Турција треба остане главниот партнер на западот во борбата против тероризмот, јавува дописникот на МИА од Берлин.
- Ние во Европа мораме заедно да разговараме каков вид на идни односи сакаме со Турција. Не треба да оттурнуваме таков партнер дури и во контекст на негативниот развој на настаните за коишто мораме да реагираме, изјави Меркел за денешното издание на весникот „Берлинер цајтунг“.
Според канцеларката, Турција е важен партнер во битката против тероризмот и НАТО и ЕУ мораат да ги задржат добрите односи со Анкара со цел да ги обезбедат своите интереси.
Денешниот коментар на Меркел е целосно спротивен на позициите на Европската Унија, чии лидери директно ја критикуваa Турција за недостаток на демократија и толеранција и на Европскиот парламент кој побара запирање на преговорите за членство во ЕУ.
Во друго интервју на Меркел за германските медиуми денеска таа ги отфрли барањата за укинување на двојните државјанства за околу три милиони Турци во Германија. Ова прашање според неа нема да биде тема на дебатата во пресрет на изборите закажани за септември како што тоа било на изборите во 1999 година што придонесло за менување на легислативата за двојните државјанства во 2000 година, пишува весникот „Келнер Штад Анцајгер“.
Ново на Сител
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство