Македонија
16. September 2022 - 16:44

За наследник на Русковска обвинителите ќе гласаат на директни избори

На непосредни избори ќе се бира наследникот на Русковска. Над 160 јавни обвинители од целата држава ќе изберат кој ќе раководи со Обвинителството за гонење криминал и корупција. Според информации на Сител, обвинителите кои сега гонат криминал и корупција не сакаат да седнат на местото на Русковска. Ниту таа не планира да конкурира за уште еден мандат.. Според огласот, право да се тркаат за позицијата имаат обвинители со непрекинат шестгодишен работен стаж и три позитивни оценки.

„Водењето на дисциплинска постапка или кривична постапка, не значи дека тие не можат да поднесат. Сепак, таа не е завршена. Против секој обвинител  може да биде поднесена пријава и самото тоа не значи дека е елиминиран од постапката. Напротив, секој обвинител има право, кој ги исполнува овие услови да се пријави на огласот“, изјави Антонио Јолевски, Прет на Совет на Јавни обвинители.

Во меѓувреме, Советот на јавни обвинители треба да избере и двајца членови за државното обвинителство, но повеќе месеци се чека на оценките за пријавените шестмина кандидати. Таму место очекува да обезбеди Русковска, која по барање на државниот обвинител Јовески беше суспендирана, а против неа се води и дисциплинска постапка.. Како постапувала во случајот со финансиската полиција поради што беше остранета од работното место, идната недела и лично ќе сведочи во обвинителството.

„Во тој дел на самата постапка треба да се обезбедат определени докази, треба да се произнесат јавните обвинители према кои се води оваа постапка“, вели Љубомир Јовески, Јавен обвинител.

Освен прв човек кој треба да раководи со одделението кое гони корупција и криминал, таму ќе се бираат и четворица јавни обвинители.