За Нова година ветер, студ и снег

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Во претпладневните часови се уште не е исклучено наместа да провејува слаб снег, а ветерот постепено ќе ја намалува брзината. Долж Повардарието се уште ќе дува умерен повремено засилен ветер во претпладневните часови, а попладне и навечер брзината ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нула, а дневната од минус два до пет степени.
Во Скопје, времето претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до три степени.
За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус 10 до минус два степена.
Во недела ќе преовладува сончево време со студено утро. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус четири, а дневната од два до осум степени.
Слични температури се очекуваат и во понеделник кога утринската ќе се движи од минус 13 до минус пет, додека дневната од три до девет степени. Во понеделник и во вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а преодно наоблачување со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има во среда. Утринската и дневната температура ќе биде во благо покачување.
Ново на Сител
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
