За оваа ѕвезда од Гранд зборуваат дека нема силикони и облини, рамна е како даска а таа со една реченица им ги затворила устите
Јадранка Барјактаровиќ од самото појавување на музичката сцена важела за една од најзгодните пејачки, иако нема силикони ниту бујни облини, како повеќето нејзини колешки.
Сепак Јадранка е горда на своето тело, а кога ќе се соблече во бикини ретко кој може да остане рамнодушен на нејзината фигура. Нејзините профили на социјалните медиуми се полни со секси фотографии, а гледајќи на тоа дека со години редовно вежба, не е ни чудо нејзиното извајано тело.
- Никогаш не сум се оптеретувала со тоа дека немам големи гради, го сакам својот природен изглед и задоволна сум од него. На нас, оние кои што знаеме да пееме не ни требаат силикони ниту пластични операции за да имаме работа. Ако некој не е задоволен со својот изглед нека го измени, но јас сум задоволна. Јас тежам кон други вредности, а не голотија. Ми е гајле што зборуваат дека сум рамна како даска, сега е во тренд природен изглед - рекла Јадранка за Свет.
Ново на Сител
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина