Свет
27. October 2016 - 9:27

ОН: За помалку од еден месец во источниот дел на Алепо убиени се 400 лица и скоро 2.000 се ранети

Околу 400 лица загинаа и речиси 2.000 се ранети за помалку од еден месец при нападите во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците, изјави вчера заменик-генералениот секретар на ОН, Стивен О’Брајан на седницата на Советот за безбедност, јави ТАСС. 

О`Брајан истакна дека бомбардирањата во Алепо месецов биле најинтензивни, од почетокот на конфликотот во Сирија во 2011 година. 

- Минатата недела, во која стапи во сила прекинот на огнот, ОН заедно со Сирискиот црвен крст, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ред сириски невладини организаци, направија план за евакуација на ранети и болни лица и нивните семејства од источниот дел на Алепо, објасни О’Брајан. 

- И покрај тешките преговори со страните во конфликотот, ОН и партнерите беа подготвени да започнат операција на 23 октомври, но тие планови беа осуетени поради спротивставувањето на две вооружени групи „Ахрах аш Шам“ и „Нуредин ал Зенги“, додаде заменик-генералениот секретар на ОН.