Фудбал
5. March 2016 - 9:32

За првпат гол-технологија во ЛШ

Европската фудбалска унија (УЕФА), објави дека гол-технологијата, ќе се користи во финалето на Лигата на шампионите и во финалето на Лига Европа. Гол-технолигијата, која се користи при спорни ситуации, односно за да се утврди дали топката ја минала или не гол линијата, се користи од 2012 година.
 
Гол-технологијата започна да се користи на почетокот на сезоната 2012/2013, а во употреба е во некои од најголемите европски национални првенства, меѓу кои се Премиерлигата и Бундеслигата.
 
Своја примена оваа технологија имаше и на Светското првенство во 2014 година, а ќе биде во употреба и на претстојното Европско првенство во Франција.
 
Употребата на гол-технологијата, во финалните натпревари на двете натпреварувања кои ги организира УЕФА, може да значи дека од наредната сезоната таа ќе се употребува од почетокот на сезоната.