За првпат во последните 20 години населението во Пекинг е намалено
Населението во главниот град на Кина во 2017 година се намалило за првпат по две децении, покажуваат официјални податоци што ги објави кинеската агенција Ксинхуа.
Во 2017 година, бројот на постојани жители на Пекинг изнесувал 21.707 милиони, што е за 22.000 помалку отколку во 2016 година, соопштија локалните власти.
Според истиот извештај, бројот на постојани жители во шесте урбани средини во градот продолжува да опаѓа. Во 2016 и 2017 година, во Пекинг е регистриран вкупен пад од 740.000 постојани жители во шест окрузи, што претставува намалување за три отсто две години по ред.
И покрај тоа што големите градови како Пекинг и Шангај си поставија за цел контрола на растот на населението, Кина генерално се обидува да преземе акција за зголемување на наталитетот, кој се намалил во 2017 година и годинава се очекува да продолжи да паѓа.
Во Кина во моментов има 240 милиони стари лица, но се очекува до 2035 година нивниот број да достигне 400 милиони, што ќе го загрози здравствениот и пензискиот систем во земјата.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново