За три месеци во дел од Индија не е родено женско дете, покрената истрага за абортуси за полова селекција

Ниту едно од 216 деца кои се родени во 132 села во Индија во последните три месеци не е женско, покажуваат најновите владини податоци. Поради тоа во северниот дел на Индија покрената е истрага за извршување абортуси со цел избор на полот на детето.
Властите во државата Утаракханд соопштија дека официјалните податоци се алармантни и постои сомневање за широко распространет женски фетицид, пишува британски „Индепендент“.
Индија со закон ги забрани абортусите за полова селекција уште во 1994 година, но таа пракса е вообичаена во земјата во која родителите традиционално машките деца ги сметаат за „глава на семејството“, а женските за „скапа обврска“.
Судијата Ашиш Чаухан смета дека стапката на женски родени деца била сомнителна и дека станува збор за женски фетицид.
– Ова е проблем на индиското општество и ние треба сериозно да размислиме и да преземеме конкретни чекори со цел жените на подобар начин да се гледаат во општеството, се наведува во извештајот на индиската Влада.
Ново на Сител
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
-

Шведска размислува за промена на валутата
-

Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик
-

Нетанјаху: Интересите на Израел ќе бидат задоволени за време на втората фаза од мировниот план
-

Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз
-

Трамп го предупредува Ирак да не го враќа Ал-Малики на функцијата премиер
-

Oблачно, кон крајот на денот дожд и снег
