За Велигден дел од јавните паркиралишта на „Градски паркинг“ слободни за паркирање
Јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“, „Дом на печат“, „ЗОИЛ“, Тутунски комбинат и „8 Септември“ утре ќе бидат слободни за паркирање. Од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје информираат дека паркиралиштата „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.
Јавните површини наменети за паркирање – Зоните А, Б и Ц ќе бидат отворени со редовно работно време од 7 до 21 часот, а зона Д од 07 до 23 часот.
В сабота јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“ и „Дом на печат“ ќе бидат слободни за паркирање. Тутунски комбинат и ЗОИЛ ќе работат со работно време од 07 до 14 часот, додека „8 Септември“, „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.
Јавните површини наменети за паркирање – Зоните А,Б и Ц ќе бидат со редовно работно време од 07 до 14 часот, а зона Д од 07 до 23 часот.
В недела јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.
Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц нема да работат.
В понеделник јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.
Јавните површини наменети за паркирање – Зони А, Б и Ц, нема да работат.
Јавната површина наменета за паркирање – Зона А0 Водно в сабота, недела и понеделник ќе работи со редовно работно време од 8 до 16 часот.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци