За време на секс го изговорила името на поранешниот маж, а тој потоа...
Најпрвин со стакло и нанесувал повреди по телото, па со голи раце и ги извадил внатрешните органи.
Фидел Лопез (24) е обвинет за убиство на својата девојка Марија Немет, кој воедно признал дека со голи раце и’ ги извадил внатрешните органи, откако таа за време на секс, два пати го изговорила името на нејзиниот поранешен маж.
Лопез објаснил дека за време на убиството бил пијан, а откако Марија два пати го изговорила името на нејзиниот поранешен сопруг, тој најпрвин ја искршил стаклената врата во апартманот во Флорида. Потоа тој се вратил кај својата девојка која лежела онесвестена на подот од ударот кој и го задал.
Тогаш започнал да ја сече со искршеното стакло, па со голи раце и ги извадил внатрешните органи.
Пред да ја повика полицијата Лопез, ја однел во бањата да ја измие со вода обидувајќи се да ја врати во живот.
Потоа ги измил рацете, испушил цигара, се јавил во полиција и рекол дека неговата љубовница веќе не дише.
Лопез е уапсен и ќе му се суди за убиство од прв степен.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград