„За заедничка Македонија“ подготвена – Со автомобили ќе се лее црвено жолтиот бран низ Скопје
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се подготвува за денешната активност. Голем број автомобили накитени со македонски знамиња од спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија, како крајна дестинација.
Од иницијативата вчера преку социјалната мрежа Фејсбук порачаа дека денес со автомобили ќе се лее црвено жолтиот бран низ Скопје.
-Утре во Скопје го потсетуваме разбудениот град дека наредната недела е клучна. Дека не чекаат важни денови и предизвици. Дека часот е велик, а ние достојни за одговорноста која ја имаме во оваа трошка од историјата, на наша смена, да го зачуваме наследеното од дедовците и позајменото од нашите деца: иднината на Република Македонија, напишаа од граѓанската иницијатива вчера на нивната страна на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден