За здравјето на мажот најважна е жената

Мажите повеќе му нанесуваат штета на својот организам од жените и повеќе одбиваат да се соочат со сопствените слабости - пиејќи и пушејќи повеќе од жените, а поретко одат и на лекар.
- Мажите на своето тело гледаат како на оружје. Одат на лекар само кога чувствуваат дека нешто не е во ред или кога навистина чувствуваат болка, вели врвниот германски уролог Теодор Клоц.
Овој заклучок е резултат на студијата која е спроведена под патронат на германската Влада.
Според Клоц, мажите одат на лекарски преглед само кога се сериозно болни. Но, одењето на лекар сепак не покажува точно колку луѓето всушност се здрави.
Клотз наведува пет причини кои се во значајна корелација со здравјето и не заболувањето. Најистакната меѓу нив е стабилното животно партнерство, потоа редовно вежбање, разновидна исхрана, одредена животна рутина и конечно превентивна медицинска заштита која го заокружува животниот стил.
Стабилното партнерство е многу важно, истакнуваат истражувачите, поради тоа што мажите по 40-та година посилно се насочуваат на социјалната средина и функционирање во партнерството.
- Жените можат сосема добро да живеат сами, вели Клоц, но истакнува дека голема е разликата за маж ако е во врска. - Тогаш мажот многу подобро внимава на исхраната и посветува поголемо внимание на потребата од соодветно вежбање. Од таа причина стабилната и среќна врска е многу значајна, посебно на постари години, додава Клоц.
Според студијата која ја спроведе берлинскиот Институт „Роберт Кох“, маж кој е во врска во просек живее две години подолго од самец.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
