„Забавни фудбалски школи“ во Куманово

Околу 130 ученици од прво до петто одделение од седум кумановски основни училишта деновиве ќе учествуваат во спортската манифестација „Забавни фудбалски школи“ што беше отворена утринава на спортските терени на градскиот кеј во Куманово. Настанот, е развиен по концептот кој потекнува од Данскиот фудбалски сојуз.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој изрази верување дека овие деца ќе станат професионални играчи.
- Верувам дека по овој настан, ќе се изградат нови таленти во нашиот град кои ќе напредуваат и ќе дадат свој придонес за развој на фудбалот и спортот воопшто во државата и во целост во нашиот град, рече Димитриевски.
Забавните фудбалски игри се реализираат под покровителство на градоначалникот, Советот на Општина Куманово, а момчињата и девојчињата ќе се натпреваруваат под менторство на нивните наставници.
Ново на Сител
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
-

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра
-

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин
-

Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина
