Претераното потење, попознато под терминот хиперхидроза, за некои е голем проблем особено во лето.
Секако, потењето во теретана е препорачливо, но е непријатно ако тоа ви се случува постојано па дури и кога сте на романтичен или деловен состанок.
Прекумерното потење ги мачи околу осум милиони Американци, а бројот на оние што имаат проблем со хиперхидроза е дури петпати поголем.
За да го држите под контрола потењето ова лето пробајте да ги практикувате некои од овие совети:
Избегнувајте луто, зачини и кофеин
Шоља јако кафе или омилената лута плескавица звучи примамливо, но размислете уште еднаш. Токму тие се главните поттикнувачи на зголеменото потење односно работата на потните жлезди. Кофеинот и зачините ги консумираме речиси секојдневно, па оттука експертите ја гледаат и причината кај испитаниците што имаат проблем со потење.
Дезедоранс и антиперспиранти
Дезедорансот е препарат кој не влијае на процесот на потењето, но ја неутрализира непријатната миризба. Антиперспирантот, за разлика од дезедорансот, го спречува потењето. Најнизок степен на потење имаме навечер, затоа се препорачува да го аплицирате навечер, па наутро потењето нема да биде толку изразено. Просечен човек има меѓу два и четири милиони потни области кои го штитат организмот од прегревање. Дерматолозите советуваат да не ги користите дезедорансите туку антиперспирантите и тоа умерено. Бидејќи порите се спречени да излачуваат може да дојде и до несакани последици доколу постојано се блокирани.
Минимизирајте го стресот
Освен топлината, многумина се препотуваат и кога се под стрес. Пробајте разни методи за намалување на непријатностите во текот на денот, дишете длабоко и бидете опуштени. Сепак, советите од лекар на индивидуална основа се најдобар лек.
Облека
Секогаш бирајте облека од природни материјали. Памукот е најпрепорачлив. Никогаш не облекувајте облека од синтетика и полиестер. Истата предизвикува да се потите повеќе, да ви биде топло, а ќе предизвика и непријатен мирис.