Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар

Автомото сојузот на Македонија информира дека во 12.55 часот на планинскиот превој Плетвар, е воведена е забрана за движење на тешки товарни возила (ТТВ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава.
АМСМ известува и дека од 11:00 часот на патниот правец Тетово - Попова Шапка, е воведена забрана за движење на ТМВ и Автобуси.
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
· Гостивар – Маврово - Дебар
· Струмица - Берово
· Пресека
· Ѓавато
· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
· Плетвар
· Делчево – Г.П. Делчево
· Гостивар – Стража – Кичево
· Струга – Г.П. Ќафасан
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. a
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
