Забрана за камиони на Пресека

На патниот правец Кичево - Охрид на планискиот превој Пресека поради обилни врнежи од снег, од 17:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на пстанатоте патишта низ Македонија се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонијапат информира дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, а до возачите апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
