Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, Делчево – ГП Делчево, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар
Забрана за сообраќај од 08.05 часот е воведена за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека и Плетвар.
Од 07.25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Делчево – г.п. Делчево, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона се воведува на ГП Делчево кон Бугарија.
Од АМСМ информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, додека тешките товарни возила од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај село Миравци, се пренасочуваат преку стариот пат Удово - Демир Капија.
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница