Забрана за тешки товарни возила Маврово-Дебар,Гостивар-Маврово и Стража Кичево
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а од 18 часот забрана за тешки товарни возила се воведува на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар- Маврово.
Од 18:30 е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Стража-Кичево и обратно.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Гостивар, Крушево, Попова Шапка и на планинските премини Маврово, Стража, Преска, Буково и Ѓавато.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На патниот правец А2 Струга - г. п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода-с.Франгово (во должина од три километри) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.
Ново на Сител
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
