Македонија
15. January 2025 - 16:18

Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица

Забраната за тешки товарни возила е укината на патниот правец Берово - Струмица во 15.30 часот, соопшти ЈП Македонијапат.

Претходно јавното претпријатие информираше дека се укинати и забраните за сообраќај на камиони на   патниот правец крак Маврово - Дебар  (во 13 часот) и на патниот правец Тетово -  Попова Шапка (во 11.20 часот).