Loading Video...
Тенис
21. јуни 2020 - 19:12

Задар: Финале Ѓоковиќ-Рубљов

Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов ќе играат во финалето на егзибицискиот турнир што се игра во хрватскиот град Задар. Мечот се игра од 20 часот. 

Русинот Рубљов кој инаку е 14-ти играч во светот пријатно изненади со победата над фаворизираниот Германец Александар Зверев во два сета со 4-2 и 4-1 со што го овои првото место во групата и закажа финале со Новак Ѓоковиќ.  Српскиот тенисер оствари три победи во својата група совладувајќи ги Крстин, Сердарушиќ и најдобро-рангираниот  хрватски тенисер Борна Чориќ. 

Ѓоковиќ е иницијатор за организирање на овој турнир во Задар.