Заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја

Американски стретешки бомбардери, кои можат да носат нуклеарно оружје, денеска, во близина на источниот брег на Јужна Кореја, изведоа заеднички вежби со јужнокорејските воздухопловни сили, откако Пјонгјанг во вторникот лансираше балистичка ракета, која ја прелета над Јапонија.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека во прашање е вежба во која учествуваат два американски бомбардери „Б-1Б“ и четири „Ф-35“, како и јужнокорејски бомбардери „Ф-15“. Засега не е познато дали на вежбите се користи боева муниција.
Северна Кореја вчера потврди дека во вторникот лансирала ракета која ја прелетала Јапонија и падна во водите во Тихиот Океан, како што било и планирано. Од таму најавија дека и во иднина ќе има уште лансирања на балистички ракети во кои цел ќе биде Тихиот Океан.
Ракетата „Хвасонг-12“ со среден дострел, чие лансирање го надгледувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, го „пресече небото над островот Хокаидо и `Ртот Еримо долж однапред одредена траекторија на летот и точно ги погоди водите во северниот Тихи Океан, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким Џонг-ун ја оквалификува ракетната проба како прв чекор во подготовките за воена операција предводена од Корејската народна војска во Тихиот Океан и вовед во запирањето на Гуам, што тој го опиша како истурена база за инвазија.
Според КЦНА, датумот на лансирање на ракетата намерно е одбран 29 август, во знак на одбележување на 107-годишнината од Договорот меѓу Јапонија и Кореја од 1910 година, со кој Токио го колонизираше Корејскиот полуостров.
Според јужнокорејската војска, ракетата е истрелана од регион во близина на Пјонгјанг околу шест часот по локално време, летала околу 2.700 километри и достигнала висина од 550 километри.
Лансирањето на ракетата предизвика голема загриженост кај соседните земји, но и кој поголемиот дел од меѓународната заедница.
Американските медиуми денешната воена вежба на САД и Јужна Кореја ја оценуваат како одговор на ракетната проба на Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
