Заедничкиот механизам на ОН и ОПЦВ ја прекинува работата за истражување на хемиските напади во Сирија

Заедничкиот механизам на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) за истражување на хемиските напади во Сирија, официјално ја прекина работата.
Советот на ОН не успеа да се договори за продолжување на мандатот на заедничкиот механизам.
Консултациите зад затворени врати, започнаа веднаш по заседанието на кое Русија наложи вето на резолуцијата за продолжување на мандатот на заедничкот механизам за 30 денови, што беше предложена од страна на Јапонија.
Дипломатски извор наведе дека, се водела дискусија за иновативни решенија кои ќе овозможат продолжување на работата на комисијата без да биде усвоена резолуцијата.
Не е исклучена можноста Советот за безбедност на ОН да заседава со цел да се обнови работата на заедничкиот механизам на ОН и ОПЦВ по истекувањето на неговиот мандат.
Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја сепак, предупреди синоќа дека Москва нема да дозволи да продолжи работата на механизам во неговата сегашна форма.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
