Заев-Асани: Поддршка за потребите во науката што гради мостови
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, Скендер Асани, придружуван од претставници на институтот, Закирија Ибрахими, Нора Малиќи и Сефер Тахири.
На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, се разговараше за прашања со цел ефикасно функционирање на оваа државна научна институција.
– Науката го движи светот и јас како премиер и оваа Влада сме посветени да ја поддржуваме науката како вредност, рече премиерот Заев.
Претставниците на Институтот соопштија за проблемите што ги имаат во врска со просторните услови за работа, за потребите од финансиска поддршка за реализација на важни проекти на институтот, за кои, како што е соопштено, има интерес од САД, европската и регионалната научна јавност, за мотивација на вработените во научната дејност.
Во таа насока, разговарано е за поддршка од Владата околу обезбедувањето соодветен функционален простор за работа на Институтот, како и за поддршка на проекти од пошироко научно значење.
Како значајна е посочена конференцијата „Балканологијата денес“, што е планирано да се одржи следната есен, на која, како што беше речено, присуствуваат научници од Балканот и од европски земји и е добра можност за промоција на Македонија според концептот што се развива, едно општество за сите низ духот на регионалната соработка.
Добро е да создаваме мостови и во науката, низ мултикултурата во нашата држава, но и во релација со другите народи, за минатото да биде темел на стабилноста на иднината на регионот и пошироко, заклучено е средбата на премиерот Зоран Заев со претставниците на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија.
Ново на Сител
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор
-
НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис