Заев - Брнабиќ: Бесплатниот роаминг значи неограничено поврзување, следно е да се воведе бесплатен роаминг и со земјите од ЕУ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на маргините на „Преспа форум за дијалог“ што се одржува во Охрид, денеска се сретна со премиерката на Србија Ана Брнабиќ.
Зaев и Брнабиќ се согласија дека настанот во Охрид организиран по повод три години од Договорот од Преспа го слави успехот на дијалогот и го подобрува имиџот на Балканот.
Србија и Северна Македонија, нагласија претседателите на Владите на двете земји, негуваат исклучително блиски односи и меѓу државите, и меѓу народите, и меѓу владите, и во таа насока се договорија да се интензивираат активностите за отворање на Македонски културен центар во Србија и Српски културен центар во Северна Македонија.
Следниот исклучително важен аспект што ги прави блиски двете земји е нивната огромна посветеност на унапредување на регионалната соработка со фокус на економската агенда.
На средбата беше договорено итно да се обезбедат сите услови за целосна функционалност на „One Stop Shop“ системот за контрола на границата за граѓаните од двете земји, кој беше забавен поради околностите кои ги наметна пандемијата.
Соговорниците на средбата го оценија како исклучително значаен моментот на воведување бесплатен роаминг за граѓаните од земјите во регионот, нагласувајќи дека следен чекор е оваа неограничена можност за поврзување да се обезбеди и со земјите членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни
-
СДСМ: Додека државата тоне, партиите во Владата се караат за ресори и тендери
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците