Заев – Брнз: Нашата заедничка цел и натаму е Македонија да ги почне преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, на која се разговараше за актуелните процеси поврзани со евроинтеграциите за земјава, за стратешката соработка меѓу Република Македонија и САД и за предизвиците во справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
На средбата, соопшти владината прес-служба, заеднички беше констатирано дека двете држави посакуваат преговорите на Република Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните. Според Заев и Брнз, решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор од преговарачката рамка меѓу Македонија и ЕУ, а секое противење или оневозможување на овој процес е на директна штета на кохезијата на трансатлантското семејство на народи и спротивно на интересите за стабилност и демократија во регионот.
Амбасадорката Брнз ги поздрави постапките на Владата за сузбивање на потпалувачкиот говор во јавноста и даде поддршка на напорите да се одржи конструктивниот и отворен дијалог по однос на овие прашања. Премиерот Заев се придружи кон овие ставови и изрази надеж дека примерот на Владата во промоцијата на дијалогот како алатка за решенија ќе го следат сите чинители од земјата и регионот.
Премиерот Заев изрази благодарност за стратешката и сојузничка поддршка која Македонија ја добива од САД и заедно со амбасадорката Брнз ги потврдија заложбите за постојана и суштинска соработка во справувањето со коронавирусот, како и за уште поголеми директни инвестиции од САД во развојот енергетиката, дигиталната економија и сајбер безбедноста согласно безбедносните стандарди на НАТО, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шecт aртилeриски гранати од Првата cвeтскa војнa во Гевгелискo
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
