Заев: Единствената партија која сега е пред нас се вика Македонија
Единствената партија која сега е пред нас се вика Македонија. Друга партија немаме. Ова не се избори, не одлучуваме за некој поединец, одлучуваме за нашата Македонија, им порача премиерот Зоран Заев вечерва на граѓаните на Демир Капија.
На трибината организирана од коалицијата „Излези За европска Македонија“, Заев уште еднаш повтори дека се работи за историска шанса која ни е на дофат, но оти одлуката зависи од народот.
- Македонија заслужува после 27 години да биде нормална земја каде ќе живееме мирно и спокојно, перспективно и достоинствено, со млади вработени, со добро образование и добро здравство, со развој на туризмот и економијата, рече Заев.
Додаде дека ако се гласа „За“ на референдумот ќе се влијае за да се отворат сите можни перспективи за државата, а ако се гласа „против“ тогаш ќе ни биде жал, додека оние што ќе бојкотираат, као што рече, ќе се срамат.
- Тоа е исто како какво семе ќе засадиме. Ако засадиме семе „За“ ќе никне убава лозинка која ќе даде убав род и богат плод. Ако засадиме „против“ ќе никне прачка која нема да даде никаков род, а ако засадиме бојкот тогаш само трње и троскот може да чекаме, рече Заев.
Уште еднаш повтори дека договорот со Грција е фер и праведен и оти е потврден македонскиот идентитет и јазик.
- Од земја скарана со сите пет соседи, станавме пријатели со сите пет соседи. И не само тоа - одржуваме лекција на Западна Европа по европски манири и европски вредности затоа што ова е реткост во поразвиените демократски земји како се гради пријателство и како се отвораат перспективи. Затоа Европа дава таква поддршка, нагласи Заев на вечерашната трибина во Демир Капија.
Потенцираше дека се работи за вредна одлука која не треба да се остави и која бара одговорност. - Што ако не успее ова, се запрашал ли некој? Што ли не се случува. Територии ќе разменуваат, нови граници околу Косово. Што со Македонија. Зарем не е голема одговорноста на оваа генерација, а истовремено и честа да ја донесе вистинската одлука, рече Заев, додавајќи дека со членството во НАТО државата ќе биде стабилна и безбедна.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
