Заев: Го поддржуваме повикот од Белград за унапредување на односите
Македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за српски „Блиц“ повтори дека Владата во Скопје никогаш ниту имала намера, ниту дала упатства за вршење какви било разузнавачки активности против која било соседна земја, вклучувајќи ја и Србија.
Пред најавениот денешен телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, Заев вели дека новата Влада во Скопје силно е посветена на изградбата на добрососедски односи со Србија.
- Без какви било предвремени заклучоци го почитуваме и поддржуваме повикот на официјален Белград да ги заштитиме билатералните односи меѓу Србија и Македонија и да воспоставиме стандарден кодекс на однесување. Се надевам дека денешните разговори со претседателот Александар Вучиќ ќе ги решат сите евентуални недоразбирања, истакнa Заев.
Единствен конструктивен пристап за надминување на проблемите, според него, е отворен директен дијалог за сите прашања и изнаоѓање заемно корисни решенија.
Прашан дали македонската Влада склучила договор со Албанците на штета на српските интереси, Заев тврди дека тоа се лажни вести.
- Дозволете ми да бидам јасен, во нашата политика нема стратегија и политика на штета на Србија. Посветени сме на одржување и континуирана работа за зајакнување на нашите билатерални односи со Србија. Нашиот пристап во надворешната политика се базира на политика на отворени врати, директен дијалог и добра волја која ќе ги решава проблемите, наместо да создава нови. Сметаме дека тоа е најефикасен начин за градење на добрососедските односи, соработка и партнерство, изјави Заев.
Во врска со прашањето за Косово, македонскиот премиер вели дека „Владата на Македонија настојува да изгради пријателски односи базирани на заемно почитување и јакнење на трговските врски“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија