Заев и Ципрас и официјално предложени за Нобеловата награда за мир
Нобеловката Уидед Бушамауи и официјално ги предложила македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за кандидати за Нобелова награда за мир за 2019 година.
Бушамауи, како што денеска информира прес-службата на македонската Влада, испратила писмо до премиерот Заев со кое го известува дека официјално пратила допис до Комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација тој и неговиот грчки колега да бидат кандидати за наградата за 2019 година.
Во писмото, Бушамауи ја искажува својата убеденост дека Договорот од Преспа претставува модел за мирно и конструктивно решавање на билатералните и мултилатералните недоразбирања меѓу соседните држави, кој може да служи како пример за Балканот и пошироко и оти ратификацијата на Договорот во двете држави сведочи дека дијалогот, позитивната енергија, космополитизмот, решителноста и чувството за добрососедство се клуч за сите проблеми независно од притисоците на националистите од двете страни.
– Во овој процес и во овој храбар и визионерски акт со кој се утврдува дијалогот, довербата и основата за една заедничка иднина на Република Северна Македонија и на Грција во рамките на меѓународните организации, вие господине Премиере Заев , како и господинот Ципрас, одигравте клучна улога. Во таа смисла, си дозволувам да искажам големо почитување и восхит кон вас двајцата лидери – големи градители на мирот на Балканот, пишува Бушамауи во писмото до премиерот Заев.
Писмо со идентична содржина, како што велат од македонската Влада, Бушамауи испратила и до грчкиот премиер Ципрас.
Поддршка за номинацијата во саботата дадоа и претседателот на Групата на прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент Удо Булман, Ска Келер од групата на зелените/Европска слободна алијанса и Габи Цимер од Европската обединета левица – зелена нордиска.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател

