Македонија
9. September 2019 - 16:13

Заев и Мицкоски утре на лидерска за Законот за обвинителство и можни избори

Нов обид на власта и опозицијата за договор за Законот за обвинителство.. Утре вечер своите ставови ќе ги спротистават Заев и Мицкоски..  Лидерската средба ќе се одржува во проширен состав..  Освен премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата ќе присуствуваат и четиричлените групи на власта и опозицијата кои ги водат преговорите за законот за обвинителство.. Од двете партии велат дека централна тема на средбата ќе биде усвојувањето на законот за чие донесување е потребно да гласаат две третини од пратениците.. Од опозициската партија додаваат дека на средбата ќе го отворат и прашањето за предвремени парламентарни избори.. Според ВМРО-ДПМНЕ, во изминатиот период власта и опозицијата постигнале компромис, но писмото на Катица Јанева фрлило ново светло врз преговорите..

Во петокот се одржа последната рунда преговори меѓу работните групи за законот за обвинителство.. По нешто повеќе од еден час разговори, двата тима не постигнаа напредок, причина - одлуката за префрлање на предметите од СЈО во јавното обвинителство, трансфер кој го побара специјалната обвинителка..

Сепак засега, од обвинителството не откриваат на каков начин ќе се распределат предметите кои ќе пристигнат од СЈО.. Јовески вели дека секој предмет ќе се разгледува одделно по што ќе ги добијат надлежните обвинителства.. Според него, за иднината на обвинителите од СЈО ќе треба да решава Советот на јавни обвинители..

Инаку во текот на неделава, пред пратениците треба да се најде и предлогот за разрешување на Катица Јанева.. Претходно таква одлука донесе собраниската комисија за избори и именувања.. На седницата која се водеше зад затворени врати, одлуката за разрешување била донесена едногласно со 13 гласови.. Според првиот човек на комисијата, Илија Димовски, таквата едногласност се очекува да се рефлектира и на пленарната седница..