Заев и владината делегација се поклонија пред „Могилата на непобедените“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска ја предводеше владината делегација и заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, положи венци свежо цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“, во рамките на програмските содржини за чествување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод јубилејот 80 години од овој настан.
Со овој чин за оддавање почит и во знак на сеќавање, како и почит кон делото и хероите од народно-ослободителната антифашистичка војна, Владата на Македонија во име на народот им оддава признание на првоборците од Прилеп и прилепско кои во воените дејствија дале 8.000 учесници, од кои 2.700 активни борци со оружје во рака, 650 жртви, 15 народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941“, и кои заедно со своите другарки и другари од целата земја учествуваа во војната за слобода од фашизмот и за македонска држава.
Премиерот Зоран Заев и владината делегација, заедно со другите делегации, гости и граѓаните од Прилеп и од државата, на „Могилата на непобедените“ ќе ја проследат празничната програма и обраќањата на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп Круме Соколоски.
|
Сектор за односи со јавноста |
|
Генерален секретаријат |
Ново на Сител
-

Нов пораз на македонските фудбалери – Швајцарија славеше со 3:0
-

Шпанија со пресврт ја победи Хрватска
-

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата за појава на чума во Сибир
-

Трамп: Никој не знае кој управува со Иран
-

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската палата во Стокхолм
-

Киев рано утрово повторно цел на руски напади со ракети и дронови
-

Седница на Судски совет, на дневен ред донесување нов Деловник за работа
-

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло
