-->
-->
Заев: Иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа
-->
Премиeрот Зоран Заев, кој денеска учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите еврпската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.-Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денес во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа. Се додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.

Денешната панел дискусија во Виена, нагласува премиерот, уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа.
Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Курц, кој е иницијатор и домаќин на Самитот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
